Задар по шести пат именува ист тренер за свој предводник

Кошаркарскиот клуб Задар соопшти дека Данијел Јусуп по шести пат во кариерата ќе седне на клупата на клубот како главен тренер. Јусуп минатата сезона го предводеше тимот на Широки до полуфиналето на АБА2 лигата, во кое неговиот тим беше поразен од МЗТ од Скопје.

Што се однесува до шампионатот на БиХ, Широки заврши втор со бод помалку од Игокеа, додека во финалето на Купот „Мирза Делибашиќ“, Игокеа повторно беше подобра од тимот на Широки.

Во Задар, Јусуп ја освои АБА лигата во 2003 година, како и трипати Купот „Крешимир Ќосиќ“ (1998, 2003, 2020 година).

Помеѓу индивидуалните награди, Јусуп двапати беше прогласуван за најдобар тренер во Хрватска, во 1998 и 2003 година.