• Александар Ковачев
Срамни сцени доаѓаат од Хрватска кога се во прашање кошаркарските натпревари. Имено, на големото далматинско дерби, меѓу Сплит и Задар се случи вистинска тепачка меѓу кошаркарите на двете екипи, по што од страна на судиите беа исклучени дури 14 кошаркари.
При резултат 96-65 за Задар, Американецот Ноулс се изреволтира поради остриот старт на Маринковиќ, по што и настана големата мешаница. Најдебелиот крај го извлече кошаркарот на Сплит, Калајжиќ, кој едноставно беше нокаутиран од Ноулс.
На крајот натпреварот се доигра со по четири кошаркари на двете страни, а Задар славеше победа од 120-88.

