Заборавете на Јанис и Леброн: Дончиќ најголем фаворит за МВП наградата во 2021

Дончиќ

Кошаркарот на Далас Маверикс, Лука Дончиќ, се најде на првата позиција меѓу фаворитите за МВП наградата во новата НБА сезона. Пошироката јавност, поточно обложувалниците, веруваат дека токму Словенецот ќе блесне повеќе од конкуренцијата во третата сезона во најсилната лига на светот.

Зад него е Јанис Антетокумбо, а потоа следуваат Стеф Кари и дуото на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс и Ентони Дејвис.

Плејмејкерот на Далас одигра фантастична сезона и заслужено се најде во најдобрата петорка, остварувајќи просек од 28,8 поени, 7,4 скока и 8,8 асистенции.