Забивање на сезоната: Едвардс направи небески скок, судиите го расипаа славјето (ВИДЕО)

Едвардс

Првиот пик на драфтот во 2020 година, Ентони Едвард, приреди шоу на домашниот дуел против Мајами Хит.

Членот на Минесота Тимбервулвс го имаше најатрактивниот потег на мечот. На негова штета, спектакуларното забивање не беше признато од судиите, кои покажаа фаул во напад. Сепак, овој момент непрестано се врати на социјалните мрежи, на големо одушевување на кошаркарските фанови ширум светот.

Едвардс имаше вечер за паметење. Во победата на домашната екипа тој придонесе со 33 поени и 14 скока.