„За Леброн секогаш има загарантирано место во олимпискиот тим на САД“

Американскиот НБА новинар Брајан Виндхорст смета дека Леброн Џејмс би имал загарантирано место во репрезентацијата на САД доколку реши да настапи на Олимписките игри во Лос Анџелес во 2028 година.

Иако Џејмс претходно најави дека не планира повторно да настапи на Олимписки игри, американските новинари сметаат дека ситуацијата може да се промени, особено ако Леброн ја заврши кариерата по сезоната 2027/28.

Џејмс досега има четири олимписки настапи - освои бронза во 2004 година и златни медали во 2008, 2012 и 2024 година. На последните Игри во Париз беше еден од лидерите на американската селекција која стигна до златото.

„За Леброн секогаш има загарантирано место во олимпискиот тим на САД. Ако изрази желба за уште еден настап, мислам дека веднаш ќе добие повик од селекторот и стручниот штаб“, изјави Виндхорст. 

Доколку настапи во Лос Анџелес, Леброн ќе има 43 години, додека неговиот соиграч од репрезентацијата, Стеф Кари, би бил на 40-годишна возраст.