За Јокиќ се „готви“ најголемиот договор во историјата на НБА лигата!

Никола Јокиќ би можел наскоро да стане сопственик на најголемиот договор во историјата на НБА, што само дополнително ја потврдува неговата величина во најсилната лига на светот. 

Според информациите на „ЕСПН“, се очекува управата на Денвер Нагетс да му понуди на српскиот центар петгодишно продолжување на соработката, вредно околу 359,5 милиони долари.

Јокиќ има договор со Денвер до 2028 година, но веќе има можност за нова максимална соработка. Доколку потпише четиригодишна екстензија, таа би му донела околу 278 милиони долари, додека со петгодишниот договор би поставил нов рекорд.

Доколку не се договори со Нагетс, Јокиќ би можел да стане слободен агент и да потпише нов максимален договор, со што неговата вкупна заработка во кариерата би можела да достигне околу 724 милиони долари.

Српскиот кошаркар целата НБА кариера ја помина во Денвер, со кој освои шампионска титула во 2023 година, а има и три МВП признанија. Минатата сезона повторно имаше неверојатни бројки – просек од 27,7 поени, 12,9 скока и 10,7 асистенции, станувајќи првиот играч во историјата кој ја завршил сезоната како лидер во лигата и по скокови и по асистенции.