За Дончиќ фаворит на Европското фудбалско првенство е - Словенија!

Лука Дончиќ се забавуваше со американските медиуми на прес-конференцијата пред вториот меч од финалната серија против Бостон Селтикс и даде неколку интересни одговори, а најголемо внимание привлече неговата прогноза за настапот на Словенија на Европското фудбалско првенство. 

„Змајчеки“ ќе играат во силна група со Англија, Данска и Србија, но Дончиќ верува во квалитетите на своите сонародници и рече дека неговата репрезентација може да го освои трофејот. 

Дончиќ најпрво го искоментира трансферот на Килиан Мбапе во Реал Мадрид, а потоа кратко рече дека негов фаворит за Европското првенство е токму Словенија. Оваа изјава беше протолкувана како шеговита, но очигледно е дека ѕвездата на Далас има голема почит за своите фудбалски колеги и им посака многу среќа на континенталниот собир во Германија. 

Далас Маверикс имаат негатива од 1-0 во финалето против Бостон Селтикс. Вториот натпревар е закажан за десетти јуни, со почеток во 02:00 часот по македонско време.