ВИДЕО: Вујошевиќ со пцовки и вулгарности се обиде да ги мотивира своите кошаркари

Кошаркарската репрезентација на БиХ славеше победа од 84-71 против Словачка, во рамките на претквалификациите за пласман на СП во Кина.

Но, повторно во центарот на вниманието како и многу пати досега беше селекторот на Босанците, Душко Вујошевиќ. Имено, незадоволен од играта на неговите избраници, енергично и со вулгарности проба да ги мотивира:

„Дај направете нешто, пич..м матер. Имате уште два фаула, а вие не ги правите“.