Вудард го напушти МЗТ Скопје и се пресели во Бундеслигата

Џејмс Вудард, еден од носителите на играта на МЗТ Скопје, реши да ја напушти Македонија и да се впушти во нова авантура во Германија.

Бекот кој има 25 години е нов играч на германски СпФгг Бајројт, екипа која се натпреварува во Бундеслигата и која минатата сезона ја заврши на 12. место на табелата. Вудард со бундеслигашот потпиша едногодишен договор.

Американецот дојде во МЗТ Скопје пред стартот на сезоната и со едногодишен договор го водеше тимот до титула. Вудард во МЗТ пристигна од литвански Невезис, а претходно настапуваше и за француски Руен.

Покрај во домашното првенство, Вудард играше важна улога во МЗТ и во рамки на АБА-2 лигата, каде на 26 натпревари во просек мина 32 минути на паркетот, за кои даде 14,3 поени, 4,3 скока, 2,4 асистенции и имаше 60% реализација во шутевите за два.