Вучевиќ само што дојде во Бостон, мораше да легне „под нож“

Центарот на Бостон Селтикс, Никола Вучевиќ, е опериран на прстот од десната рака, објави тимот.

Црногорецот претрпе фрактура во победата од 120-100 над Далас Маверикс во петокот и би можел да го пропушти остатокот од регуларната сезона во најдобрата кошаркарска лига во светот.

Вучевиќ, кој има 35 години, им се придружи на Селтикс на почетокот на февруари во размена со Чикаго Булс.

Во 12 натпревари со Селтикс, тој има просек од 10,4 поени и 7,2 скока по натпревар.