• Зоран Мишевски
Се повозбудливо станува во второлигашката кошаркарска конкуренција по осмото одиграно коло. Водечки екипи Соколи 1933 и Борец баскет, забележаа порази, и двете на гостински терен.
Штипски Соколи 1933 потклекна на гостувањето во Струга, каде подобра од нив беше екипата на Црн Дрим, која дојде до сигурна победа со резултат 88-74. Камиловски реализираше 22 поени за струшкиот второлигаш. Здравковски имаше 18, а Шабани дополни со 14 поени. За штипскиот состав, најмногу поени дојдоа од Костадинов, кој уфрли 17, Караколев даде 14, а Коцев имаше уште 10.
Екипата на Мега баскет стави крај на успешната серија на игри и на победа на велешки Борец баскет. Прилепчани дојдоа до исклучително важен триумф, откако на свој терен беа подобри со резултат 78-69. Јанески впиша 18 поени, Велески стрелаше за 15 поени, Кузманоски имаше 14, а Домлески уште 11 за прилепскиот тим. Во велешкиот состав, Петровиќ беше стрелец на 20.поени, Штерјов имаше 11, а Карталовиќ додаде уште 10 поени.
Втора лига (м)
Осмо коло:
Ангели - Водно Санс 95-77
МЗТ Скопје Уни Банка – Академија ФМП 84-80
Бутел – Охрид 88-77
Мега баскет – Борец баскет 78-69
Работнички 2018 – Маџари 53-78
Црн Дрим – Соколи 1933 88-74