Втора егзибиција на „дрим-тимот“: Победа со стил од +44 против Венецуела

Американската кошаркарска репрезентација по убедливата победа против Кина во првото коло, ја декласира и селекцијата на Венецуела со 113-69 во рамките на второто коло од А групата на Олимписките игри во Рио Де Жанеиро.

Со специфичната леснотија како на тренинг, НБА ѕвездите исто како и на двата пријателски натпревари воочи Олимписките игри, славеа и во Бразил против само во првата четвртина рамноправната Венецуела.

Во победничката селекција се истакнаа скоро сите први „виолини“. Пол Џорџ даде 20 поени, Батлер запиша 17, Кевин Дурант постигна 16, а Ентони и Џордан по 14 поени. Во таборот на Венецуела се истакнаа Кокс со 19 и Грегори со 18 поени. Ноќва во 3.30 часот Франција и Кина го играат третиот натпревар од денешната програма од второто коло.