Втор триумф во низа за Пелистер, четата на Петровиќ го остави Вардар на -31

Кошаркарите на Пелистер без проблем го надиграа скопски Вардар со убедливи 59-90 во натпреварот од десеттото коло во Првата македонска лига. За четата на Александар Петровиќ ова беше втор триумф во низа. 

  • Комплетниот натпревар помеѓу Вардар и Пелистер: 

Битолчани ја изразија кандидатурата за победа уште во првото полувреме, на паузата водеа со 30-39, а во третата четвртина ја создадоа највисоката предност до тој момент и имаа позитива од огромни 25 поени. 

Домаќинот немаше никакви шанси да му парира на мотивираниот гостин, па на крајот запиша пораз со уште поуебдливи 59-90. Најефикасен во победничкиот состав беше Виктор Ташовски со 19 поени, додека кај Вардар прво име беше Хусеин Бајрам со два поена помалку.

Пелистер сега има седум победи во првенството, додека Вардар останува закован на дното со десет порази од исто толку натпревари.