Втор пораз на јуниорките на ЕП Б-дивизија во Софија

Женската јуниорска репрезентација на Македонија го запиша вториот неуспешен старт на ЕП од Дивизијата Б кое се игра во Софија. Подобри од нашите јуниорки беа кошаркарките на Исланд (59-77) кои се првопласирани во нашата група, со максимален ефект во три одиграни мечеви.

Избраничките на Јелена Антиќ беа близу до ривалот во првиот квартал (24-19), меѓутоа во вториот период нападот застана, а најдобриот тим во нашата група тоа го казни и замина на пауза со високи 35-21. Во третиот квартал, Исланд дојде до највисоки +20 (55-32) и беше лесно да се приведе мечот кон мирен финиш.

Николиќ го заврши натпреварот со 14 поени, пред Николов со 12 поени, додека Начевска постигна вкупно девет поени. Кај Исланд, Магнусдотир имаше 20 поени, а Јонудотир заврши со 15 поени.

Следниот натпревар јуниорките го играат во вторник кога од 17:00 часот се среќаваат со Хрватска.