Втор пораз на Баскет КАМ во WABA: Триглав „превисок“ за македонскит првак

Втор убедлив пораз за екипата на Баскет Кам 2011 во нивното прво излегување надвор од границите на нашата земја. Во вториот одигран натпревар, прв на гостински терен, во Крањ, скратениот состав од Македонска Каменица загуби од Триглав со 82-54.

Многу работи станаа јасни уште по дваесет минути од играта на овој наттпревар. Ако во првата четвртина екипата од Македонска Каменица одржуваше каква-таква рамноправна игра, нивниот систем попушти во вториот период од играта. Оној во кој домашните кошаркарки направија високи (21-8) кои им беа доволни за повеќе од убедливо водство на полувремето од 43-21.

Без промени се одвиваше и продолжението на овој меч во Крањ. Домашните кошаркарки продолжија да ја зголемуваат и онака високата предност.

Адијат Адамс реализираше „дабл-дабл“ ефект од 18 поени и 14 скока, додека српската интернационалка Снежана Алексиќ исто така запиша 18 поени. Во следното трето коло од групата А, кошаркарките на Баскет КАМ 2011, на 20 октомври на домашен паркет, ќе го пречекаат фаворитот Будуќност Бемакс од Подгорица.