„Вратете го Дончиќ во Словенија, веднаш купете му авионски билет"

Лука Дончиќ одлично се снаоѓа во НБА лигата, во својата прва сезона стана најдобар нов играч во лигата. Тој продолжи со одличните партии и оваа сезона во дресот на Далас. Младиот Словенец во поразот од Бостон запиша 34 поени, шест скокови и девет асистенции. 

Репрезентативецот на Словенија е меѓу главните теми на многу навивачи, кошаркари, коментатори и стручњаци, од кои добива константни комплименти. Тој лесно ги освои симпатиите на фановите на Далас, но и пошироко и веќе е најавен како иднината на лигата. 

Токму во последниот натпревар против Бостон, двајцата коментатори се пошегуваа за неговата игра. Едниот истакна дека Дончиќ се забавува на теренот, а другиот изјави дека мора да го вратат назад во Словенија. 

  • Дијалогот за Лука Дончиќ: