Враговиќ си замина од Фени Индустри и потпиша за Бурсаспор

Хрватскиот кошаркар Карло Враговиќ го напушти Фени Индустри и потпиша договор со екипата на Бурсаспор во турскиот шампионат. Со 18,5 поени по натпревар Враговиќ две сезони по ред беше во полуфиналето на македонскиот шампионат.

Тој настапуваше за хрватската младинска селекција во Родос пред седум години, но нема настап за сениорската селекција. 

Претходно Враговиќ го носеше дресот на Широки во БиХ, во Сутор во Црна Гора и Задар и Рудава во Хрватска.