ВИДЕО: Вориорси ја добија драмата со Клиперси, ЛА Лејкерс немоќен против Оклахома

Во дербито на вечерта во НБА лигата, кошаркарите на Голден Стејт Вориорс извојуваа голема победа над Лос Анџелес Клиперс со 120-114. За Вориорси ова беше деветта овосезонска победа во најсилното кошаркарско натпреварување, додека тимот од градот на ангелите го забележа десеттиот пораз.

Прво име кај Голден Стејт беше Стев Кари, кој постигна 26 поени со осум асистенции и седум скока. Најголема поддршка имаше кај Клеј Томпсон, кој постигна 22 поени, додека Дрејмонд Грин имаше 13 поени, пет асистенции и скока. Прв стрелец кај гостинскиот тим беше Каваи Ленард со 23 поени, додека Џејмс Харден постигна 18 поени. Пол Џорџ додаде 15 поени со 10 асистенции.

Еден од најдобрите тимови оваа сезона, Минесота пред својата публика го совлада составот на Јута со 90-101. Одново на паркетот блесна кошаркарот од Доминиканската Република, Антони Тоунс, кој на овој натпревар реализира 32 поени, со 11 скока и четири асистенции. Во таборот на поразениот тим се истакна Италијанецот Фонтекио со 16 поени.

Лос Анџелес Лејкерс одново ги разочара своите фанови и запиша уште еден убедлив пораз. Подобри од „езерџиите“ беа кошаркарите на Оклахома Сити Тандерс, кои водени од Гилџис-Александер (33 поени), извојуваа победа од 133-110.

Кај Лејкерси најдобар поединец беше Дејвис со 31 поени, додека Леброн Џејмс постигна десет поени помалку.

Најнови вести од
НБА, САД