ВИДЕО: Вориорси и без ѕвездите победија во Лос Анџелес со Лејкерси

Кошаркарите на Голден Стејт Вориорс победија во претсезонскиот натпревар во „Стејплс Центарот“ против Лос Анџелес Лејкерс со 99-111. Иако играа без ѕвездите Стив Кари и Клеј Томпсон, кои се повредени, Вориорси славеа на тешкото гостување против тимот на Леброн, Ентони Дејвис, Кармело Ентони и Вестбрук. 

  • ЛА Лејкерс - Голден Стејт Вориорс 99-111: 

Во релативно изедначен натпревар, во кој Лејкерси го имаа главниот збор речиси до пред крајот на третиот период, гостите славеа со пресврт. Со подобра игра во завршницата Вориорси стигнаа до триумфот во овој тест дуел во пресрет на новата сезона. 

Најефикасен играч на натпреварот беше Ентони Дејвис со 20 поени, а кај Лејкерси добра партија имаше Леброн Џејмс со 17 и Кармело Ентони со 13 поени. Во победничкиот табор најрасположен беше Пул кој уфрли 18, додека Ли и Портер му помогнаа со по 16 поени.

Ноќеска се одигра тест дуел и во главниот град, каде што Торонто беше подобар од домаќинот Вашингтон со 108-113.