„Вонземјанинот“ Вембањама е на чекор од историски богат НБА договор!

Францускиот кошаркар Виктор Вембањама е на пат да стане еден од најплатените спортисти во историјата на НБА лигата.

Според пресметките на американските медиуми, доколку продолжи да напредува со сегашното темпо и ги исполни условите за таканаречениот „супермакс“ договор, ѕвездата на Сан Антонио Спарс би можел да потпише нова соработка вредна повеќе од 300 милиони долари.

Вембањама уште во своите први сезони во најсилната кошаркарска лига на светот покажа зошто беше сметан за еден од најголемите таленти што некогаш се појавиле на драфтот. Со својата висина, атлетски способности и техничка поткованост, Французинот веќе е заштитно лице на франшизата од Тексас.

Раководството на Спарс околу него го гради тимот за иднината, а очекувањата се дека токму Вембањама ќе биде носител на новата шампионска генерација на клубот. Доколку ги исполни критериумите за највисоката категорија на договори во НБА, неговата следна плата би можела да надмине 300 милиони долари, што би го вброило меѓу рекордерите во историјата на спортот.

Многумина веќе го нарекуваат „вонземјанин“, а ако продолжи со вакви партии, Вембањама наскоро би можел да добие и договор каков што досега ретко се видел во светот на професионалниот спорт.

Вембањама е вистински лидер на Сан Антонио, екипа која се избори за пласман во големото НБА финале.