ВИДЕО: Волтон иронично му дофрли на Дончиќ: „Потпиши му автограм на судијата...“

Волтон

Лука Дончиќ се врати на терените по повредата на скочниот зглоб и постигна 33 поени во победата на Далас во дуелот со Сакраменто.

Во текот на мечот Словенецот имаше мала расправија со тренерот на противникот Лук Волтон. Тој не беше задоволен од арбитражата, па му замери на плејмејкерот на Маверикси и му дофрли:

„Еј Лука, направи ми услуга и потпиши му автограм на судијата по мечот. Тој е твој голем фан“.

Дончиќ важи за еден од најдобрите кошаркари во тековната НБА сезона кој се очекува да дебитира на „Ол-стар“ натпреварот овој во Чикаго.

 

Најнови вести од
НБА, САД