Вол и Хјустон договорија спогодбена разделба

Вол

По долги разговори екипата на Хјустон Рокетс одлучи да се раздели со својот плејмејкер Џон Вол.

Двете страни постигнаа согласност дека тоа е најдобро за претстојната сезона. 31-годишникот ќе биде дел од тренинг кампот на екипата од Тексас, но нема да настапува на натпреварите.

Искусниот кошаркар има уште две години од тековниот договор со „ракетите“. Од истиот ќе инкасира нешто повеќе од 90 милиони долари.

Хјустон се засили со Вол во замена за Расел Вестбрук, кој тогаш замина за Вашингтон Визардс.