Вокап одби да игра на Евробаскет, Грција ќе му го одземе пасошот!

Кошаркарот на Олимпијакос, Томас Вокап, нема да настапи за репрезентацијата на Грција на претстојниот Евробаскет, одлука која ја разочара јавноста кај нашиот јужен сосед. 

Вокап доби грчки пасош токму со намена да игра за националниот тим, но изјави дека му е потребен одмор и нема да настапи на Европското првенство. Ова автоматски значи дека пасошот ќе му биде поништен и повеќе нема да биде натурализиран играч. 

Вокап не пропушти ниту еден меч во финишот од сезоната и остави добар впечаток во Олимпијакос. Грците сега се „вртат“ кон Тајлер Дорси, кој исто така може да настапи како натурализиран кошаркар. 

Грција на Евробаскетот за противници ќе ги има селекциите на Италија, Кипар, Шпанија, Грузија и Босна и Херцеговина. 

ФОТО/PHOTO: Greek Basketball Association