• Мартин Танасковски
Српскиот кошаркарски клуб Војводина има нов тренер, екипата во иднина ќе ја води македонскиот стратег Владимир Мирковски, потврдија од клубот.
На чело на Војводина е блискиот соработник на Мирковски, Жељко Ребрача, па по заклучок на управата на местото на Милош Исаков-Ковачевиќ кој мораше да замине од тренерското место заради здравствени проблеми, донесен е македонскиот стратег. Војводина е бранител на титулата во КЛС-лигата каде лани во регуларниот дел заврши како најдобра.
Во текот на својата тренерска кариера, Мирковски го водеше тимот на КК Куманово (2020-2023) и беше прв асистент во МЗТ Скопје, со кој го освои македонскиот шампионат (2015).
Двапати 40-годишниот тренер кој има богато искуство и во младинските категории, беше прогласуван за најдобар тренер од Кошаркарската федерација на Македонија (2013 и 2015 година).