Војдан Стојановски лидерски го одведе Бетис до победа

Кошаркарите на Реал Бетис во 6. коло на Лига Ендеса славеа победа против тимот на Обрадоиро со 79-74. Еден од најзаслужните за третата победа оваа сезона на тимот на Бетис беше нашиот Војдан Стојановски, кој натпреварот го заврши со 15 поени и 5 асистенции.

Домашните кошаркари натпреварот го почнаа со негатива, а клучната разлика за денешната победа ја направија во третата четвртина која ја добија со 28-16. Нашиот Стојановски во тој период постигна 8 од своите 15 поени и беше клучен играч за пресвртот. Во последниот период Бетис имаше предност и од +10 (70-60), за да на крајот слави победа од 79-74. Најефикасен во тимот на Бетис беше Словенецот Нахбар со 16 поени, но нашиот Стојановски имаше највисок коефициент на учинок, вкупно 20 и беше лидер во победата на Бетис.

Во следното коло Војдан Стојановски со Бетис ќе гостува кај Гран Канарија, за која настапува Лестер Бо Мекејлеб.