Војдан Стојановски и Олденбург „газат“ во германската лига

Војдан Стојановски и Олденбург запишаа нова победа и го задржаа максималниот учинок во првата германска кошаркарска Бундеслига, откако синоќа славеа убедлива победа на гостувањето кај Лудвигсбург со 67-85.

Гостите добија во своја полза три од четири четвртини, го надиграа ривалот и сосема заслужено дојдоа до посакуваниот резултат.

Стојановски беше еден од најзаслужните за новата победа и мечот го заврши како втор стрелец со учинок од 13 поени, а забележа и седум скокови.

Со седум победи од десет натпревари, Олденбург се наоѓа на седмото место на табелата во најсилниот шампионат на Германија.