• Мартин Танасковски

Капитенот на македонската кошаркарска репрезентација Војдан Стојановски имаше одличен меч за Гравелин во францускиот шампионат, во победата над Булазак (100-84), четврта за тимот оваа сезона.
Стојановски за тимот од Франција одигра 14 минути, за кои беше без грешка. Кошаркарот реализира 11 поени (3/3 за два, 1/1 за три, 2/2 слободни фрлања), а зад своето име имаше и еден дефанзивен скок.
Гравелин по 12 одиграни кола во ЛНБ-лигата има четири победи и пет порази и се наоѓа на десеттото место. Тимот по долго време врза два триумфа и направи скок на табелата.