Војдан и Олденбург ја „преслушаа“ Алба Берлин

Македонскиот репрезентативец Војдан Стојановски и неговиот Олденбург забележаа нова радост во кошаркарската Бундеслига и како гости успеаја да слават кај Алба Берлин (78-94).

Олденбург се мачеше два периода, а потоа следеше вистинското лице кое донесе убедлива радост. Вистинската разлика се изгради во третиот квартал од натпреварот, во кој Олденбург успеа да го задржи противникот на само 11 постигнати поени и да изгради висока разлика.

Војдан Стојановски на теренот мина 18 минути за кои даде четири поени (2/4 за два, 0/1 за три) и воедно додаде три скока и две асистенции. Прво име кај Олденбург беше Камингс со 34 поени, додека кај Алба, Нноко заврши со 14 поени.

Олденбург се наоѓа на второто место во ББЛ-лигата со пет победи во низа, веднаш зад Баерн Минхен.