Воинствените Фурние и Нан си добија заслужени казни од Грчката федерација

Еван Фурние од Олимпијакос не доби суспензија и ќе може да игра на четвртиот натпревар од финалната серија против Панатинаикос, но доби висока парична казна од Грчката федерација поради непримерните гестови кон навивачите на „детелниките“. 

Францускиот кошаркар ќе биде „олеснет“ за дури 30.000 евра, а казна од 10.000 евра доби и Кендрик Нан од Олимпијакос, поради закана и навреди кон судиската тројка. 

Најголемите ривали во грчката кошарка ќе го одиграат четвртиот натпревар вечерва во 20:00 часот. Олимпијакос има водство од 2-1 и е на само еден триумф до шампионската титула. 

ФОТО/PHOTO: Evan Fournier/Facebook