Воинствениот Везенков доби суспензија од грчката кошаркарска федерација

Бугарскиот кошаркар Саша Везенков доби суспензија од еден натпревар во домашното првенство поради „несоодветно однесување на теренот“, јави грчката кошаркарска федерација. 

Доцна во натпреварот од грчкото првенство меѓу Олимпијакос и Колосос, Везенков влезе во конфликт со противнички играч, по што судиите го исфрлија од игра, а потоа и дисциплинските органи му одредија казна која се манифестира со суспензија за следниот меч и парична казна од 1.400 евра.

Везенков изјави дека „реагирал на провокација“ од противничкиот играч, кој според него, го навредувал и провоцирал во текот на целиот натпревар. Дополнително, Везенков доби и условнна казна од уште четири натпревари, но таа ќе се активира ако повтори нешто слично до крајот на тековната сезона.