• Саше Љолес

Дисциплинската комисија на Евролигата одлучи да изрече суспензија за кошаркарот на Реал Мадрид, Марио Хезоња, кој влезе во жесток вербален дуел со судиите на натпреварот против Монако.
Хрватот доби парична казна од 5,000 евра и ќе мора да „одмори“ на еден натпревар од елитниот ранг, а тоа значи дека „кралевите“ ќе мораат да играат без него на следниот дуел против Фенербахче.
Реал Мадрид поднесе жалба, но веројатно истата нема да биде прифатена. Хезоња сезонава повторно е меѓу најдобрите играчи и бележи просек од 15 поени, 5,3 скока и 1,6 асистенција во Евролигата.