Вогел од понеделник нема да биде тренер на Лос Анџелес Лејкерс

Френк

Лос Анџелес Лејкерс наскоро ќе мора да бара ново име на тренерската позиција. Се очекува овој понеделник славната франшиза да се раздели со Френк Вогел.

Човекот кој ја донесе титулата пред две сезони ќе си замине од клубот. Разочарувачките резултати оваа сезона си го направија своето, па наскоро „езерџиите“ ќе имаат нов човек на клупата. Повредите на Леброн Џејмс и Ентони Дејвис беа дел од причините за отсуството од овогодишниот плеј-оф. Меѓутоа управата и навивачите се незадоволни и ќе реагираат соодветно, за тимот да се врати онаму каде што припаѓа.

Вогел имаше договор на уште една година, но од наредната недела се очекува да остане без работа.