Водњански Лисици се вратија во прволигашкото друштво

Екипата на Водњански Лисици повторно ќе игра елитна кошарка откако во второрангираното натпреварување заврши на втората позиција.

„Лисиците“ по 16 одиграни кола имаат 14 победи и само два пораза, со што се на втората позиција на табелата, зад КК Вардар, а пред вториот тим на Карпош Соколи. Заедно со „црвено-црните“ од Скопје, тие ќе играат во елитата наредната година, на местото на Струмица и Карпош Соколи кои се селат во понизок ранг.

Од Втората лига оваа сезона отпаѓаат вториот тим на МЗТ Скопје Аеродром и Ангели, а на нивно место влегуваат Спорт Тим Неготино и Партизан Мулти Шпед.