Во Турција не смее да се гледа НБА, причините далеку од спортски

Ердоган Кантер

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган забрани да се гледа НБА лигата додека Енес Кантер настапува во плеј-офот.

Причината е политичкиот став на турскиот кошаркар против режимот на претседателот. 

26-годишникот од поодамна не може да се врати во родната земја за да го види семејството. Тој има забрана за влез и поништен пасош, а против него е распишана и меѓународна потерница.

Реакција пристигна и од НБА лигата, која на фановите во Турција им овозможи да ги следат плеј-оф натпреварите преку Интернет доколку поседуваат специјален налог.

Портланд, каде што настапува турскиот интернационалец, игра во конференциското финале на Западот и губи со 1-0 во серијата против Голден Стејт.