• Иван Димовски
Американскиот плејмејкер Џеф Доутин Џуниор и официјално е нов член на Макаби Тел Авив. Израелскиот гигант продолжува со амбициозното лето, а по ангажманот на Лони Вокер, го доведе и Доутин од редовите на Филаделфија, со кого потпиша договор на две години.
Доутин минатата сезона одигра 41 натпревар во НБА и имаше просек од 7 поени, 1,5 скок и 1,9 асистенции.
За неговиот потпис интерес покажаа и други евролигашки екипи, меѓу кои и Партизан, но Макаби беше најбрз и најконкретен во преговорите и го осигура неговото доаѓање.
Покрај Доутин, тимот од Тел Авив се засили и со Лони Вокер, Ошеј Брисет, Марсио Сантос, Ти Џеј Лиф и Гур Лави, а договорот беше продолжен со Џејлен Хорд. Клубот го напуштија Маријал Шајок, Ливај Рендолф и Тревион Вилијамс.
