Во пресрет на новата сезона: Кој е со најголеми шанси за титула во Евролигата?

Ефес

Новата сезона во Евролигата ќе започне на 6 октомври, а титулата од лани ќе ја брани екипата на Анадолу Ефес.

Турскиот тим има најголеми шанси да остане на врвот, според „Баскет Дата Скаутинг“. Веднаш за актуелниот шампион се двата шпански гиганти, Барселона и Реал Мадрид, а потоа следуваат Олимпијакос, Олимпија Милано и Фенербахче.

Најголем аутсајдер е литвански Жалгирис, со помалку од 1% шанси за највисок пласман во сезоната 2022/23.