• Горан Упале

Српскиот репрезентативец Алексеј Покушевски е на прагот да се пресели во Партизан. Според тврдењата на тамошните медиуми, кошаркарот кој пред две недели доби отказ во Шарлот е на раскрсницата меѓу Соединетите Американски Држави и Србија, но сепак е нешто поблиску до враќање во татковината.
Популарниот „Поку“ како што го нарекуваа „преку барата“ во текот на четирите години во Оклахома, ќе се обиде да ја освежи кариерата откако на почетокот на месецот беше отпуштен од франшизата од Северна Каролина.
Јасно е дека играч со неговата висина (2.13 метри) и квалитет, кој стекнал големо искуство во НБА лигата, би бил добра опција на пазарот за бројни евролигаши, но, барем според српските медиуми, желбата на Покушевски е кариерата ја продолжи во Партизан каде би играл под команда на најтрофејниот тренер на Стариот континент.
Сега останува прашањето, колку е реална оваа приказна, бидејќи Партизан практично направи ростер за следната сезона со неколку високи играчи, но нема дилема дека играч со негова големина лесно би можел да се вклопи во системот на Жељко Обрадовиќ.