• Саше Љолес
Кошаркарската репрезентација на Франција ќе има нов капитен на претстојниот Евробаскет. Тоа е искусниот Жерсон Јабуселе, кој ќе ја преземе оваа улога од славниот Николас Батум.
Откако своето учество го откажаа Нандо Де Коло и Руди Гобер, капитенската лента оди кај Јабуселе, кој изјави дека за него ова ќе биде огромна чест и одговорност.
„Знам дека сум еден од ветераните, но не очекував дека јас ќе бидам капитен. Ова е огромна чест и одговорност. Морам да ја оправдам довербата на моите соиграчи, но и на повозрасните кои нема да бидат со нас. Цела Франција гладува за успех, се надевам дека ќе ги израдуваме нашите граѓани“, рече Јабуселе.
Франција на Европското првенство ќе игра во групата Д, каде ќе ги одмери силите со Белгија, Израел, Словенија, Полска и Исланд.
ФОТО/PHOTO: Guerschon Yabusele/Facebook


