Во најава првиот голем трансфер во Партизан: Хезоња од Мадрид се сели во Белград!?

Во периодот кога се шпекулира дека Никола Калиниќ ќе ја напушти Барселона и ќе се врати во Црвена Звезда, и другиот српски гигант спрема вистинска трансфер „бомба“ за летово.

Марио Хезоња би можел да ги засили редовите на белградски Партизан, што секако би бил еден од најинтересните регионални трансфери во последно време.

Ова не е само обична приказна по дуелот помеѓу Партизан и Реал во Евролигата, каде Хезоња доби аплаузи и овации во Белград. Споменатата шпекулација ја пренеси грчки „Апекс“, кој наведува дека Партизан и Панатинаикос се двата најсериозни кандидати да го доведат Хезоња во своите редови.

Хезоња има договор со Рела на уште една година, но и многу силна клаузула. Имено, хрватскиот кошаркар може да го напушти Реал само доколку дојде понуда од НБА.

Се зборува и за заминување на Пантер, па можеби во Партизан би се создала празнина во финансискиот сегмент, но многу ќе зависи од крајниот усход во АБА лигата оваа сезона и дали Партизан повторно ќе игра во Евролигата.