Во ЛШ нема да има службена победа, мечот ќе се презакаже во нов термин

Во пресрет на новата сезона во кошаркарската Лига на шампиони, задолжените лица на ФИБА за ова натпреварување објавија нов протокол по кој учесниците ќе мора да се придржуваат, додека трае пандемијата со коронавирус. 

Она што најмногу ги интересираше клубови е што нема да има службен резултат од 20-0, доколку една екипа пријави поголем број заразени кошаркари, туку тој натпревар ќе биде одложен и одигран во нов термин. 

Поради промените во форматот во првиот дел од сезоната, распоредот дозволува презакажувања, во случај да се појави таква потреба.

  • Протоколи за новата сезона во ФИБА Лига на шампиони

*Одложување на натпревар

Клуб може да побара одложување и презакажување на играта под следниве услови:

- Еден клуб има помалку од осум (8) играчи на располагање да учествуваат во некој натпревар

- Недостапноста на играчите е поддржана од позитивни резултати од тестовите за PCR, издадени од акредитирана лабораторија за тестирање

- Барањето е испратено најдоцна во рок од 72 часа пред закажаното време за одложување на натпреварот

  • Нови рокови за регистрација на играчи

По промената на форматот на натпреварување и креирањето на нов календар за сезоната 2020-21, рокот за регистрација на играчите е изменет како што следува:

- петок, 16 октомври 2020 година (за групите А, Б, Ц и Д);

- петок, 23 октомври 2020 година (за групите Е, Ф, Г и Х).