„Во Лејкерс го имаме Леброн, ама Дејвис е најдобар играч на светот“

Центарот за ротација на Лос Анџелес Лејкерси, Маркиф Морис по триумфот над Мајами Хит во првата средба од НБА финалето даде многу интересна изјава. 

Морис се осврна на двете најголеми ѕвезди во својот тим, и кажа дека и покрај сè што досега има постигнато Леброн Џејмс, според него, најдобар кошаркар на светот во моментов е Ентони Дејвис. 

„На Дејвис сè му оди лесно на паркетот. Кога ќе погледнам дека во тимот го имаме Леброн и како тој игра, а сепак не е најдобар играч на светот. За мене тоа е Ентони Дејвис. Toj игра константно добро на двете страни од теренот секој натпревар“, изјави Морис.

Кога ќе се согледаат статистиките, Дејвис навистина е за нијанса подобар во реализацијата со 26,1 поени по натпревар, наспроти 25,3 на Леброн. Сепак, Џејмс е играч кој често ја чува силата и не троши енергија кога не е потребно, но сите знаеме на што е способен ако неговиот тим има потреба од лидер.