• Горан Упале

По долги години, во кои пропаѓаше и пропаѓаше, кошаркарскиот дом на Работнички, „Градски Парк“, ќе добие нов, модерен лик.
Градежните работи во култната кошаркарска сала интензивно напредуваат, а од таборот на клубот уверуваат дека денот кога трибините одново ќе бидат полни до последно место, е сè поблиску.
„Градежните активности во салата Градски Парк се во тек. Секој ден сме поблиску до денот кога повторно ќе ја наполниме оваа сала, а до тогаш натпреварите ќе ги играме во салата Дуња во Кисела Вода. Наредниот натпревар е во недела(16.03.2025) со почеток од 19:30 против екипата на МКК Куманово. Ве очекуваме“, стои во објавата на КК Работнички.
Првпат по 50 години ќе се реновира една од најлегендарнит сали во Македонија. Според најавите, реновираната „Градски Парк“ ќе ги исполнува сите стандарди на ФИБА за нормално функционирање и одржување натпревари.