• Саше Љолес
Новиот член на АБА лигата, Дубаи, го продолжи договорот со тренерот Јуре Големац, кој добива нов договор со важност до крајот на следната сезона.
Управата е задоволна од резултатите на тимот сезонава, а тоа се потврдува и со третото место на табелата во јадранското друштво и учинокот од 20 победи и само пет порази.
Пред да го преземе Дубаи, Големац беше тренер на Хапоел Елијат, Цедевита Олимпија и Копер.