• Зоран Мишевски

Знамињата на државите од каде доаѓаат странските кошаркари ги красат трибините во Данкерк, а на видно место е поставено и македонското. Гравелин знае како треба да се однесува спрема своите играчи. Со оглед на тоа дека во овој период нема присуство на публика во салата „Спортика“, раководството на популарните „морнари“ пронајде одлична солуција како да ги пополни „празнините“ на трибините на својот дом.
Ги закачи знамињата на државите од каде доаѓаат оние условно кажано странски кошаркари. А на видно место во горниот ред од трибините е поставено и македонското.
Секако, во чест на капитенот на македонската сениорска репрезентација, Војдан Стојановски.
Таква беше и сликата од последниот тренинг пред натпреварот на Гравелин против Бург,