ФОТО: Во Аеродром наголемо се прослави шампионската титула на МЗТ Скопје!

Успешната сезона, во која освои трофеј во Суперкупот и деветтата титула во домашното првенство, плус враќањето во јадранската елита. МЗТ Скопје Аеродром го прослави на начин на кој доликува. Со прекрасна дружба со своите навивачи, клубот од Аеродром ја заврши сезоната.

Тренерот Александар Петровиќ, неговите помошници и останатите од стручниот штаб заедно со сите кошаркари попладнето го минаа во прегратки, разговори и фотографирање со тие што редовно им даваат поддршка од трибините. Влезот на СЦ „Јане Сандански“ беше исполнет со аеродромци, во чии вени тече сино-бела крв, а прекрасно беше да се гледа како дечиња од најрана возраст едвај чекаа да дојдат на ред да се „сликнат“ со драгоцениот пехар.

Љубовта кон МЗТ Скопје Аеродром традиционално се пренесува помеѓу генерации, поради што овој традиционален клуб нема зошто да стравува за својата иднина во делот на поддршката на средбите кои следат.