Влошеното здравје привремено го оттгрна Грег Попович од неговите „Спарси“

Искусниот тренер на Сан Антонио Спарс, Грег Попович, има сериозни здравствени проблеми и извесен период нема да работи со екипата, јавија американските медиуми. 

75-годишниот „Коуч Поп“ се пожалил на големи болки и имал висока температура, по што бил веднаш пренесен на прегледи во најблиската болница. Неговиот заменик Мик Џонсон ќе работи со тимот додека Попович не се опорави, а првичните прогнози велат дека славниот стратег ќе треба да мирува околу еден месец. 

Попович е еден од најуспешните тренери во историјата на НБА лигата и скоро целата кариера ја мина во Сан Антонио Спарс, со кои освои пет шампионски титули.