• Мартин Танасковски
Македонската кошаркарска легенда Владо Илиевски направи чекор напред со неговиот клуб во Словенија, екипата на Илирија, па ќе создава таленти со помош на таткото на неговата сопруга.
Илиевски има улога на претседател во второлигашот Илирија и е главен креатор на проектот, а оваа година некогашниот македонски репрезентативец реши да направи чекор напред, па дојде до договор со кошаркарската школа „Петар Вилфан“, која е во сопственост на словенечката легенда и татко на неговата сопруга.
Главниот збор во тимот на Илирија ќе го има Саша Дончиќ, инаку татко на Лука Дончиќ, кој по една година реши пак да се врати во стручниот штаб, а целта ќе биде да се има добри резултати, но и да се создава кошаркарската иднина на Словенија.
Проектот на Илиевски во словенечката кошарка делува ветувачки, затоа што тој има помош и од Цедевита Олимпија како официјален партнер. Целта на Илирија е да се врати во прволигашката кошарка во Словенија.
Во минатото Владо Илиевски носеше деца од струмичкиот крај на кампот на Петар Вилфан, па не би било изненадување ако дел од Илирија во иднина биде некој Македонец.