Владо Илиевски и официјално не е повеќе директор во Илирија

Македонската кошаркарска легенда Владо Илиевски и официјално го напушти директорското столче во Илирија. Поранешниот врвен македонски кошаркарски репрезентативец, кој поради кариерата, семејството и последователниот животен пат се пресели во Љубљана, четири години беше директор во Илирија, но дојде време за разделба и нов предизвик.

Веќе од пред неколку дена се шпекулира дека Илиевски е пред враќање во салата „Стожице“ и да има улога на спортски директор во екипата на Цедевита Олимпија. 

„Зелено-белите“ важат за еден од најдобрите тимови во АБА-лигата и во регионот, а за Илиевски оваа средина не е непозната. 43-годишниот струмичанец беше дел од оваа екипа првпат пред повеќе од дваесет години и остави голема трага.

Илиевски кога ќе се погледне историјата, се покажа како едно од најдобрите засилувања на љубљанскиот тим. Потоа се докажа и во клубови како Барселона, Лотоматика, Болоња, Сиена, Тау Керамика, Анадолу Ефес...

Нов тренер на Олимпија Љубљана се очекува да биде Италијанецот Симоне Пјаниџини, со кого Илиевски соработуваше заедно во Сиена. 53-годишниот стратег ќе стане првиот тренер во 70-годишната историја на Олимпија кој не доаѓа од територијата на поранешна Југославија.