Владимир Јовановиќ е нов тренер на Црвена Звезда

Владимир Јовановиќ е нов тренер на кошаркарскиот клуб Црвена Звезда, потврдија од српскиот шампион.

Јовановиќ денес стави потпис на договор со челниците на црвено-белиот тим и со тоа ги потврди шпекулациите кои се појавија по заминувањето на Дејан Радоњиќ. Младиот стратег е без клупски ангажман од јануари годинава, кога ја напушти Цибона, каде беше на клупата единаесет месеци, но моментално е селектор на српската репрезентација до 20 години, која ја чека Европското првенство во Подгорица од 16 до 24 јули.

Стратегот од Младеновац ќе го замени Дејан Радоњиќ, кој минатата недела потпиша двегодишен договор со Панатинаикос. Црногорскиот стручњак по освојувањето на тројната круна изрази желба да остане на клупата на Звезда, но не беше постигнат договор за продолжување на соработката.