• Мартин Танасковски
Женската кошаркарска репрезентација на Македонија до 18 години со висок пораз од врсничките од Ирска (52-86) го отвори Европското првенство (ЕП) Б-дивизија кое се одржува во Плоешти, Романија.
Нашиот национален тим е еден од најмладите на овој кошаркарски настан и поразот од Ирска е реалност на настаните на теренот. Уште по десет минути игра ривалот обезбеди двоцифрена позитива (12-24), па беше полесно да се игра. Од четвртина во четвртина, водството на ривалот растеше.
Најдобар поентер кај Македонија на овој натпревар беше Ана Сарафилоска со девет поени, исто колку што постигна и Теа Трајковска, додека Милица Николиќ беше стрелец на седум поени. Кај Ирска, Грејс Прентер имаше 15, а Клара Бојс и Кира Линч дадоа по 13 поени.
Во следното коло на ЕП Б-дивизија во Романија, Македонија У18 ќе игра со селекцијата на Грција. Натпреварот е закажан утре (сабота) со почеток од 15:00 часот.